Православната црква за денес ја одредила Митровденска задушница – спомен за починатите

Православната црква одредила ден за сеќавање на починатите – Митровденска задушница. Оваа е една од четирите за спомен на починатите пропишана од црквата, а секогаш се паѓа во сабота. На задушница се оди во црква на литургија, а се посетуваат и гробиштата каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатита. Денот е пропишан и за милостина на сиромашните. Дел од штипјани велат дека денеска направиле адет и веќе ги посетиле вечните почивалишта на блиските, меѓутоа поскромно и не како во годините наназад поради покачените цени на речиси сите производи.

Митровденската задушница секогаш е во саботата пред празникот Митровден, а е востановена во 14 век. Оваа задушница била руска традиција и најпрвин биле споменувани само првославните војници, меѓу кои и двајца монаси кои паднале на браникот за верата и татковината. Потоа откако била извојувана битката во која загинале двајцата монаси, се извршил помен за нив и било предложено тоа да се прави секоја година во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на великомаченикот Димитриј. Оттогаш оваа сабота била востановена за војниците паднати за верата и татковината, но и за сите починати воопшто.

Ребека Спасова М-Нет