По 30 години село Лески се поврзува со виничкиот градски водовод

Жителите од с. Лески, виничко со години се соочуваат со проблемот со водата за пиење. Не поврзаноста на градскиот водовод доведуваше до ситуација водата особено во летниот период да е загадена и често пати да ја нема. Соработката со Локалната самоуправа на Виница доведува до решавање на овој проблем.

По 30 години борба со нај основниот ресурс за живот, село Лески се поврзува со градскиот водовод во град Виница.

Инвестицијата за поврзување на село Лески со градскиот винички водовод како и проширување на филтер станицата во Виница е проект е вреден 24 ипол милиони денари, од кои што Општина Виница учествува со 1 милион денари.

Лаура Стојанова М-Нет