По 2.000 денари девет месеци стипендија ќе добијат децата со попреченост од прво до девето одделение во Штип

По 2.000 денари месечна стипендија во период од девет месеци ќе добијат децата со попреченост од прво до девето одделение од страна на Општина Штип.

За таа цел, денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, ги потпиша решенијата за финансиска поддршка на ученици со попреченост кои се вклучени во редовната настава во сите основни општински училишта на територијата на општината. Финансиската поддршка ќе се реализира за целата учебна 2025/2026 година, односно во период од девет месеци, преку доделување месечна стипендија.

Од Буџетот на Општина Штип, за оваа намена ќе бидат издвоени вкупно 576.000 денари. Мерката се спроведува во рамки на Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година и претставува дел од континуираните активности на локалната самоуправа насочени кон унапредување на социјалната инклузија и обезбедување поддршка за семејствата со деца со попреченост.

Иван Митев, М-Нет