
По 12 пат ќе се одржи манифестацијата Зелникот на баба во Општина Пробиштип. И годинава се очекува богата култирно уметничка програма, а гости ќе има од целата држава и странство. Mанифестацијата е предвидена за 21 март, ден сабота, а како што истакнува Раде Илиевски од општината Пробиштип, истата опфаќа голем број на специјалитети од тесто, натпревар во брзо сукање и награда за најдобро украсена етно маса. Собраните средства од продажбата на зелниците, тој потенцираше дека ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
,,Годинава ќе се оддржи по 12 пат во Пробиштип. Како што рековте, оваа манифестација е веќе традиција во Провиштип и општо претпознатлив белег на нашата Општина. И годинава има заинтересирани за учество од цела Македонија, а имаме заинтересирани и од Србијаи од Бугарија. Манифестацијата ќе опфати понуда од голем број на специјалитети од тесто со претежно зелници и други изработки од теста. Интересно е што манифстацијата опфаќа натпревар во брзо сукање, особено буди интерес кај присутните овој натпревар и бираме најдобро украсена етно маса, а битно е што целата продажба на сите понудени производи ќе биде наменета за хуманитарни цели.“, вели Илиевски
Манифестацијата според Илиевски е стара 15 години, но поради ковид пандемијата и трагедијата во Кочани, тој вели 3 години истата не се одржувала. Дополнително посочи дека победниците ќе добијат специјален трофеј намески направен за зелникот на баба.
,,12 година по ред, мегутоа и за време на короната и минатата година правевме некои паузи. Годинава требаше да прославуваме 15 години, мегутоа на 3 пати не ја одржавме, мегутоа 12 година по ред. Што со тие со тие што же победат, тие добиваат специјален трофеј наменски направен за зелникот на баба.”, додава Илиевски
Вообичаено, како и сите претходн години и оваа година ќе има познати уметници од Македонија кој ќе ја веселат публиката. Предвидено е да настапат и културни уметнички друштва, со цел настанот добие убава слика.
Иван Митев, М-Нет