
Над 170 канделабри ќе го осветлат коритото на река Отиња во центарот на Штип. Поставувањето на канделабрите веќе е во тек и се очекува да зврши до крајот на овој месец во зависност од временските услови. Со ваквите инвестиции, централното градско подрачје во Штип добива модерен и современ излед. Градоначалникот Иван Јорданов, во изјавата претходно истакна дека е по барање на граѓаните и реализирање на дел од нивните потреби. Граѓаните на терен се задоволни, велат дека со ова се добива нов изглед во центарот на градот.
„Епа супер, јас да ви кажам многу сум задоволна. Би било прекрасно, се што се праве се е убаво. А, и многу се направи.“ – велат граѓаните.
Инвестицијата е на Општина Штип во соработка со УНДП во вредност од 6 милиони денари. По осветлувањето на кејот на река Отиња предвидено е уредување на коритото со нови садници, како и поставување на урбана опрема.
Лаура Стојанова М-Нет