
Официјално е познат составот на македонската репрезентација, која денес во 18:00 часот против Фарски Острови ќе игра пријателски меч на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Селекторот Благоја Милевски направи неколку промени во однос на составот со кој настапи против Малта, во рамки на 1. коло од квалификации за ЕП 2024.
Македонија во рамки на 2. коло е слободна, па токму од таа причина денес ќе одигра пријателски меч со селекцијата на Фарски Острови.
Елмас ќе биде на клупата на резерви, а поради повреди и клупски обврски нема да настапуваат и Адеми, Димитриевски и Зајков.
Македонија против Фарски Острови ќе истрча во следниот состав: Шишковски, С. Ристовски, Ристевски, Велковски, Алиоски, Атанасов, Барди, Етеми, Чурлинов, Несторовски, М. Ристевски.
