
Моето дете со болки однесено на Брзата помош во Кочани не беше ниту примано, ниту прегледано, родители сведочат за грубото однесување на докторка на Итната помош во Кочани, случај кој изминатите денови ја потресе целата јавност. Револтирани од арогантоноста на докторката апелираат да се приспита кадарот вработен во болницата, со цел да не трпат пациентите кои имаат потреба од медицинска помош.
„Моето дете не беше примано на Итната медицинска помош во Кочани, не можевме да земеме упат и да отидеме на Детско одделение.“ – вели Стојков.
Потресни приказни и сведоштва раскажуваат и други граѓани од Кочани, кои имале проблеми со докторката на Итната помош во Кочани. Некому татко, на друг син, третиот сам вклучен во целата ситуација, сите велат односот на докторката кон пациентите е крајно неприфатлив.
„Пред четири месеци кај нас докторката беше повикана да укаже лекарска помош дома, керќа ми беше сама со синчето кое падна во бессознание. Докторката ја немаше половина час, а потоа 10 минути се расправаше со ќерла ми зошто дошла.“ – вели Дејанова.
За случајот од кочанската општа болница со проширена дејност истакнаа дека случајот ќе биде детално истражен.
„Доколку се констатираат некакви повреди во врска со работниот ред и дисциплина од страна на било кое вработено во нашата установа, ќе биде поведена соодветна дисциплинска постапка. Воедно ја известуваме јавноста дека пациентите и нивната здравствена заштита се врвен приоритет на специјалистичкиот и менаџерскиот тим на Општа болница со проширена дејност- Кочани и доколку се утврди дека станува збор за неукажување на прва помош потенцираме дека истото нема да биде толерирано и ќе се изречат санкции предвидени со закон.“ – велат од кочанската болница.