Поставен првиот асфалтен слој на крстосницата во населба Сењак во Штип

Се постави првиот асфалтен слој на крстосниицата во населба Сењак во Штип. По два дена треба да се постави и вториот асфалтен слој, а во најбрз можен рок и светлосните сигнали со кои ќе се комплетираат градежните активности на најфрекфентната крстосница во Штип. По примерот на завршената улица Панче Краѓаозов, Јорданов истакна дека ќе се постават и подигнати пешачки премини со што дополнително ќе се намали брзината со која се движат автомобилите.

„Се наоѓаме на најфрекфентната крстосница во населба Сењак. Станува збор за звршување на проектот за проширување на крстосницата. Денес се поставува првиот асфалтен слој, се нанесува асфалтна маса, а веднаш потоа во наредните денеови ќе се постави и светлосната сигнализација и уредување на тротоарските површини со бекатон плочи. За неколку денови ќе се постави и вториот асфалтен слој и ќе се заокружи целиот прокет. “ – кажа Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов истакна дека ќе се уредуваат и останатите улици и крстосници во градот за Штип да го добие изгледот кој го заслужува.

Крстосницата во населба Сењак започна со реконсртукција пред дваесетина дена и истата беше со забрана за минување на автомбили бидејќи се извршуваат градежни активности. Оваа крстосница беше црна точка ви сообраќајот, а истата води кон две детски градинки и едно основно училиште во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет