
Поранешниот селектор на македонската репрезентација Никола Илиевски – Џиџи е нов тренер на второлигашот Охрид.
Искусниот стратег во својата богата кариера ги има водено македонските клубови Беласица, Љуботен, Скопје, Победа од Прилеп, Металург, Ренова и Вардар, ги има водено и екипите на словенечкиот Цеље, романската Валчеа, албанската Билиш и индонезиската Персијап.
Популарниот Џиџи во два наврати беше селектор на македонската репрезентација, а истотака ја предводеше и репрезентацијата на Бангладеш.