
Брегалница загуби на Арената “Тодор Проески” во Скопје од Работнички со 2:0 во рамки на 21. коло од Првата лига.
Во судиското надополнување на првиот дел “романтичарите” на Гоце Седлоски дојдоа до 1:0 со голот на Гандо Биала.
Во вториот дел Рашид погоди за конечни 2:0 во 80. минута.
Штипските “сини” сега се во зоната за директно испаѓање во Втора лига со 20 бодови на своето конто, а во следното коло кое се игра веќе в среда во вонреден термин против Шкупи на Градскиот стадион во Штип.
Александар Ванев, М-Нет