
Работнички забележа минимална победа од 1:0 над Воска Спорт преку Рушевиќ, во 20. коло на Прва лига.
Лидерот Шкендија го доби Силекс со високи 4:2 во Тетово па сега тетовци одат чекор напред за титулата.
Алиќ донесе рано водство за Силекс, а потоа Крстевски погоди за 1:1 веќе во 10. минута. Во второто полувреме Шкендија преку Рамадани дојде до 2:1, а преку Ибраими на 3:1. Силекс се врати на 3:2 со голо на Рајков, но потоа Латифи стави печат на победата од 4:2.
Аворнуо и Имери обезбедија победа за Шкупи од 1:2 во Струмица над Брера, во меч каде Ѓоргиевски беше стрелец за Струмица.
Мечот меѓу Беса и Гостивар заврши без победник, но и без погодоци (0:0) за поделба на бодовите.
Пелистер славеше во „братското дерби“ против Тиквеш со 1:2 и тоа преку пресврт, откако Миловановиќ во 64. минута погоди за 1:0, а во финишот на мечот Наумоски и Ристевски беа стрелци за конечни 1:2.
Вардар вчера преку Закариќ и Мато со 0:2 славеше над шампионот Струга Трим Лум и со тоа обезбеди три златни бода.
Александар Ванев, М-Нет