Пораз за ракометната репрезентација на Македонија во Пореч од Хрватска на првиот тест пред ЕП

ФОТО: Ракометна репрезентација на Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија загуби на првиот подготвителен натпревар за Европското првенство, откако загуби од Хрватска во Пореч со резултат од 26:23.

Селекторот на хрватската репрезентација одлучи да настапи со изменет ростер без некои од стандардните играчи, но и покрај тоа успеаја хрватите да триумфираат, но благодарение на подобрата завршница од самиот меч во Пореч.

Македонија не реализираше три удари од седум метри, а по околу 20 минути игра резултатот беше 10:7 односно плус три за Хрватска.

Вториот дел од мечот ги донесе првите плус пет за Хрватска односно 16:11, а потоа Македонија предводена од селекторот Кирил Лазаров успеа да се врати на гол негатива при 20:19 со гол на Атанасијевиќ. Самиот финиш беше возблив, од 21:20 Хрватите стигнаа на 23:21, а Лазаров повика тајм-аут.

Грешките во нападот овозможија Молц да погоди од контра за 24:21 на четири минути до крајот. До крајот немаше Македонија сили за реми, туку само за конечни 26:23.

Македонија на хрватско тло ќе остане до 30 декември, следува кратка пауза, а нашата репрезентација ќе се комплетира со голманот Мартин Томовски.

на 7 јануари Македонија ќе замине за Винтертур, каде од 8 до 10 јануари ќе одигра контролни мечеви со Бахреин, Украина и Швајцарија. Од Винтертур нашата репрезентација заминува за Хернинг каде ќе се адаптираме на атмосферата за Европското првенство.

Македонија Европското првенство го отвара на 16 јануари против Данска, два дена подоцна следува соочување со Португалија, а на 20 јануари играме против Романија.

Александар Ванев, М-Нет