Поради локалните избори фудбалските прволигаши и второлигаши ќе играат во сабота 16 октомври

Поради квалификациските обврски на македонската репрезентација ќе нема фудбал во овој викенд а поради локалните избори ќе се помести и терминот за прволигашки фудбал. Имено натпреварите од 10 коло кое требаше да се одигра во недела 17 октомври поради локалните избори ќе се одигра во сабота на 16 октомври. Во ова коло екипата на Брегалница ќе биде повторно домакин овојпат на тимот на Македонија Ѓорче Петров. Во ист ден, односно во сабота на 16 октомври ќе се одиграат натпреварите од 7 коло во ВМФЛ – Исток а во кое коло лидерот на табелата Каменица Саса ќе гостува на Кожув во Гевгелија а интересно ќе биде и во Пехчево на средбата Кит Го – Слога Виница. Од овој викенд натпреварите во Првата и во Втората лига ќе се одиграат со почеток во нов термин од 14.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk