Помладите пионери на Македонија Ѓ.П. се новите победници на Купот на Македонија

Помладите пионери на фудбалскиот клуб Македонија Ѓ.П. се новите победници на Купот на Македонија, откако денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во еден интересен и возбудлив натпревар успеаа да издвојуваат победа над Работнички со 3:1.

Во 21. минута од средбата, Македонија .Ѓ.П. преку Стефан Ристиќ поведе со 1:0. Пет минути подоцна истиот играч, повторно ја затресе противничката мрежа и со својот втор погодок ја зголеми предноста на својот тим. До крајот на полувремето, Работнички успеа да намали, со што ја врати неизвисноста во натпреварот. Стрелец на голот беше Алек Трпковски во 43. минута.

Во продолжението, и двете екипи пропуштија по неколку сериозни прилики за гол. Сепак, тимот на Македонија Ѓ.П. во 77. минута го реши прашањето на победникот, постигнувајќи го третиот гол во мрежата на Работнички. Лука Кнежевиќ беше стрелец на погодокот за конечни 3:1.