Половина од картите веќе продадени, славната „Меморија“ на 1 јуни пред штипската публика

Добро познатата рок група „Меморија“ после долг период повторно ќе настапи на сцената во Дом на млади во Штип на 1 јуни со почеток во 19:30 часот Најавено е дека ќе има поголема гужва, па поради тоа заинтересираните граѓани треба да дојдат однапред за да си го загарантираат местото.

„Меморија обично свири помеѓу 2 и пол, 3 саати основа и после тоа бис. Така да треба да се спремат сериозно да го отстојат или да го одиграат цел концерт и да го испејат нормално. 19:30 е најавено влегувањето, по очекувањето на организаторот ќе има поголема гужва. Ние ќе почнеме саат време после тоа накај 20:30 часот. Така да секој што ќе сака да стигне на концертот да дојде да си фати место на време бидејќи мислам како тогаш во Штип ќе има сериозна гужва.“ изјави Камиказа

Веќе половина од картите се распродадени и се претпоставува дека на концертот ќе присуствуваат повеќе од 2000 луѓе. посочи Камиказа

„Повеќе од половина од картите за овој концерт се распродадени по можност дека ќе влезат над 2000 луѓе“

Предвидено е концертот да биде снием со 9 камери, исто така групата ќе дојде во полн состав вклучувајќи го и дувачкиот орекстар составен од 9 изведувачи кој свирел на првиот концерт на Меморија. Како гостин на концертот е најавен Трајче Манев кој ќе ја изведе песната „Осамен“ заедно со Ристо Самарџиев.

„Овој концерт ќе биде и видео сниман комплетно со девет камери и после ќе биде работен исто како скопските концерти . Значи на Штип му даваме посебно значење, бидејќи во Штип почнавме и во Штип завршуваме. Сега имаме многу песни значи ќе биде сериозен репертоарот, доаѓаме во комплетен состав со блезери со составот кој свиреше на првиот концерт на Меморија тоа се дувачкиот оркестар, тоа се девет луѓе и исто так наш драг колега Трајче Манев ќе биде гостин заедно со осамен ќе ја изведат со Ристо Самарџиев.“ – вели Камиказа.

Меморија за прв пат има настапено во Штип во почетокот на 90 години, каде се преставила со два албуми пред огромната штипска публика.

Лаура Стојанова, М-Нет