Полно Берово за празниците се очекувањата на беровчани, подготвени се и угостителите

Месец дена пред новогодишните празници Берово почна да се полни со туристи. Речиси секој викенд посетители од цела Македонија мирот го бараат во прекрасното Берово.

Иако е студено како што велат беровчани сепак раздвиженост во централното градско подрачје има. Берово се полни секогаш за празниците, согласни се анкетираните граѓани, па од овде стои очекувањето дека идентично ќе биде и оваа година.

Чистиот воздух, недопрената природа, но и како што велат граѓаните на Берово, гостопримството и добрата храна се само дел од причините поради кои зимската сезона Берово се полни со туристи

И од угостителскиот објекти посочија дека се подготвени и оваа како и сите претходни години со добра услуга да ги услужат туристите кој зимава ќе го посетат Берово. Децидни се дека има доста причини поради кои може да се посети и да се ужива во овој зимски туристички град.

Лаура Стојанова М-Нет