Полицијата го контролира влезот во Кочани

Кризниот штаб за заштита и спасување во Општина Кочани донесе повеќе локални мерки за заштита од ширење на коронавирусот, меѓу кои и:


– Полициските служби да ги контролираат влезовите во Кочани;


– Редовно да се евидентираат лицата кои допатувале во Кочани од високо- и средноризичните земји;


– Градскиот пазар да се затвори сѐ додека траат мерките за заштита;


– Да се пријавува секое неодговорно однесување на угостителските објекти и секаде каде што има собирање на луѓе;


– Превозниците во јавниот превоз и таксистите да користат заштитни маски и ракавици и да вршат редовна дезинфекција на возилата.


Со координираност на институциите, смирено, совесно и одговорно однесување на секој поединец може да се спречат несаканите последици!