
На зголемените цени на белите пецива се жалат мнозинство граѓани во Штип. Купувањето бурек, пица, кифли, кроасани и други основни производи станува се потежок товар за нив. Поскапувањата велат се забележуваат во речиси сите пекарници во градот, што предизвикува револт кај потрошувачите. Незадоволството расте, а тие во борба со секој еден денар.
Пекарите објаснуваат дека минималното покачување на цените на белите пецива најчесто се должи на растот на платите за вработените. Другите трошоци, како брашно, струја и енергенси, засега не влијаат на цените.
,,Минималното покачување на цените на белите пецива, највероватно е поради покаќувањето на платите на работниците, бидејќи пекарската индустрија како и другите индустрии се соочуваат со н едостаток на работна сила, ние сме приморани да ги привлечеме работниците, да им ги покачеме платите. Затоа највероватно според мене, тука се работи за некое минимално покачување од два до три денари на цените на белите пецива. Цените на брашното се очекуваат да бидат стабилни, така и на енергентите, нафтата, струјата и тоа нема да се одрази на цените на пециваста. Единствено покачување е можно поради платите на работниците.“, рече Малинов
Иако цените на белите пецива бележат минимално покачување, потрошувачите во Штип внимателно ја следат секоја промена, надевајќи се на стабилност во наредниот период.
Иван Митев, М-Нет