Познати двојките за осминафиналето од женскиот кошаркарски Куп на Македонија

Овој и следниот викенд ќе се одиграат натпреварите од женскиот кошаркарски Куп на Македонија, односно ќе се играат квалификациите за пласман на финалниот турнир на Купот на Македонија.

Според резултатите од првиот дел на натпреварувачката сезона 2024/2025, формирани се осминафиналните двојки во Купот на Македонија во женска конкуренција.

Овој викенд ќе се одиграат осминафиналните мечеви, при што секој натпревар ќе се одржи на теренот на екипата која е послабопласирана. Потоа, на 14. и 15. декември, осумте победници ќе се сретнат во четвртфиналето.

Јан Бор ќе игра против Баскет Кам од Македонска Каменица, Гостивар против Бадел, Риниа оди на соочување со Вардар, Охрид ќе игра со делчевски Патриот, Шкупи против МЗТ Скопје Аеродром, Спорт Тим против Пробаскет.

Екипите на Крива Паланка и Струга се пласираат директно во четвртфиналето, поради исклучување на екипите на Куманово Гризли и Пониква од Кочани од натпреварувањето во Првата А лига односно Првата Б лига.

Александар Ванев, М-Нет