Пожар во Делчево, изгоре цел спрат од куќа

Вчера пожар пеплоса спрат од куќа на ул.„Првомајска“ во Делчево. Се работи за објект во сопственост на С.И.(72) при што целосно бил опожарен спрат од куќата и целата покуќнина. Во пожарот со изгореници се здобила сопругата на сопственикот С.И.(67) на која доктор одитна медицинска помош и била укажана лекарска помош. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Делчево. Увид на местото на настанот ќе изврши екипа од Полициска станица Делчево.