Подобро да работеше во Германија, немаше да почине – родителите на починатите од пожарот во Кочани со потресни сведоштва

Родителите на починатите од дискотеката „Пулс во Кочани сѐ уште чекаат правда за нивните деца. Иако, поголем дел од нив се скептични дека правдата ќе излезе на виделина, сепак не се откажуваат, и секоја сабота маршираат по кочанските учици. Велат заради корумпираниот систем во државата најголем дел од младите заминуваат во странство.

„Во име на криминалот, митото и корупцијата – сѐ е подмитувано, пред сѐ е замижувано и дојдело до тој степен што нашите невини деца настрадаа и сега ќе се бараат многу комбинации, одложувања.“

Таткото на починатиот Ѓорѓи од Струмица остави пари на претседателката, премиерот и министерот за да запалат свеќа на починатите деца. Тој даде поддршка на последниот марш во Кочани.

Семејставата на починатите и повредените од пожарот во Пулс секоја сабота маршираат во Кочани, барајќи одговори и правда како што велат за нивните ангели.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет