
Нови можности за самовработување, поддршка до 615.000 денари за основање на сопствен бизнис.
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши официјално објави јавен повик за две од најважните мерки за вработување за 2025 година. Како што тој рече овој повик претставува одлична можност за сите кои сакаат да започнат свој бизнис и да ја искористат финансиската поддршка која се нуди.
За лица над 29 години, предвидена е финансиска поддршка до 430.500 денари за основање на нов бизнис, а за оние со попреченост, оваа поддршка може да се зголеми до 250.000 денари.
Младите до 29 години имаат уште поголема шанса! Тие може да добијат поддршка до 615.000 денари за да ја започнат својата бизнис авантура и да ги претворат своите идеи во успешни претпријатија.
,,Официјално го објавуваме јавниот повик за две од најзначајните мерки од оперативниот план за вработување за 2025 година, кои имаат за цел да ја подржат самовработеноста на невработените граѓани во агенцијата за вработување. Јавниот повик треба да ги потикне оние кои што имаат идеја или вештина да ја искористат можноста за подршка при основање на сопствен бизнис. Првата мерка наменета за лица постари од 29 години и предвидува финансиска поддршка од 430.500 денари за основање на нов бизнис. Во специфични случаи За лица со попреченост се нуди и дополнителни до 250 000 денари. За младте до 29 години возраст, кои имаат можност да добијат подршка до 615 000 денари за создавање сопствен бизнис.“, рече Дурмиши
Двете мерки вклучуваат и обука за претприемништво, изработување на бизнис план и менторство за целните групи, додава Дурмиши
Целта е јасна рече Дурмиши, да се подржат што е можно повеќе граѓани кои имаат идеја, занајат или да направат нешто свое на одржлив и легален начин. Мерки се и дирекната инвестиција во Македонија.
Иван Митев, М-Нет