Поголем дел од Центар утре ќе остане без вода, а намален притисок или без вода ќе има од Автокоманда до Камник.
„Ве известуваме дека поради дефект на затварачи на водоводна линија на бул. Крсте Мисирков и Кеј Димитар Влахов, ЈП Водовод и канализација -Скопје ќе превземат одредени технички зафати кои ќе се одвиваат 20.06.2026 година (сабота). Прекин на водоснабдување на ден 20.06.2026 година (сабота) ќе има од 09:00 до 22:00 часот, на следните улици и објекти:
– Објектот на МАНУ
– Основен Суд 2
– Младински Културен Центар
– Универзитетска Библиотека
– Универзитет Св. “Кирил и Методиj”
– Трговски Центар Мавровка
– Дел од Турска Чаршија
– Саат Кула
– Ул. Петар Ѓеоргиев
– Ул. Отокар Кершовани
– Улица Адвокатска
– Бул. Крсте Мисирков (Дел)
– Крњево
– Македонска Телевизија
– Ист Гејт
– Автокоманда ниска зона до Камник намален притисок или можност за прекин на вода“, соопшти РЦУК Скопје.
фото/Depositphotos
Текстот Поголем дел од Центар утре без вода, како и делови од Општина Гази Баба е превземен од МАКФАКС.