Повторно се враќа во нормала работата во вакциналниот пункт во Штип

По зголемување на дозите на вакцини вакциналниот пункт во Штип започна о двосменско работење. Денеска и  утре ќе се аплицираат по околу илјади први дози вакцини од производителот „Фајзер“ а во меѓувреме се врши и ревакцини со „Астра зенека“. Надлежните велат согласно бројките на вакцини кои пристигнуваат се очекува да се зголеми и дневниот број на вакцининрани граѓани.

„Денеска и утре имаме закажано по околу илјада граѓани пријавени кои треба да се вакцинираат со „Фајзер“. Во меѓувреме до крајот на месецот вршиме ревакцина со „Астра зенека“, а од утре очекуваме да пристигнат 4 илјади дози на кинеските вакцини „Синовак“ додека во среда треба да добиеме насоки од Министерството по колку ќе вакцинираме дневно“ – кажа доктор Стојанов.

Најголем број од граѓаните го почитуваат закажаниот термин, меѓутоа има и такви кои доаѓаат по неколку дена, но и тие добиваат вакцина.

Граѓааните кои денеска беа присутни во салата Јордан Мијалков во Штип задоволни од организацијата.

Во меѓуврме вчера пристигна најголемата пратка од 500 илјади дози кинески вакцини од производителот „Синовак“ со што Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ќе бидат распределени по поголемите вакцинални пунктови во државата и масовно ќе се одвива процесот на имунизација.

Лаура Стојанова М-Нет