Победа Валандово се искачи на врвот – Ударник сигурен, бодови во гости за Брегалница Делчево


Третата лига – Исток доби нов лидер по комплетирањето на 19. коло, откако Победа Валандово ја искористи шансата и се искачи на првото место на табелата, иако претходно имаше два натпревари помалку од директниот конкурент Овче Поле.
Валандовци продолжуваат со одличната серија, а триумфот од 0:2 на гостувањето кај Малеш им донесе максимален ефект и водечка позиција со 38 бода, пред Овче Поле кое останува на 37.
Ударник уште еднаш потврди дека е сериозен фактор во лигата, славејќи убедливо со 1:4 на гостувањето кај Хоризонт Турново. Тимот од Пирава сигурно чекори кон самиот врв и останува во игра за највисок пласман.
Во Струмица, Брегалница Делчево дојде до бодови, откако ја победи Тиверија со резултат 2:3.