
Друштвото за планинарески спортови „Лисец“ од Штип објави фејсбук стстус и фотографии кои ја отсликуваат негрижата кон дрвниот фонд кој секојдневно се намалува на планината Плачковица.
„Овие денови сме сведоци на безмилосно сечење на шумата во Штипскиот дел на планината Плачковица околу патот кој води до врвот Туртел. Остатоците од исечените стебла се расфрлани директно на патот со што е отежнато движењето.
Кражбата и уништувањето на буковите дрва е зачестена последните месеци и е без никаква интервенција од надлежните органи. Кражбата на дрва се одвива преку ден и во ноќните часови најчесто на горните делови од патот за полесен утовар на дрвата со возилата.
♻️ Ние како планинари од ДПС Лисец сме постојано присутни во Плачковица која ни е најблиска планина и сме загрижени за опстанокот на шумите кој се бели дробови на нашата околина.
Апелираме што поскоро да се застане на патот на крадците додека не се случи еколошка катастрофа.“
