
Со свечена литургија во храмот Свети Никола во Штип денеска започна одбележувањето на патрон празникот на градот. Потоа верниците се упатија кон шеталиштето Ванчо Прќе каде се кршеше славскиот колач.
Светиот Николај во годините наназад, го штител народот и се молел за сите. Молитвите остануваа исти, да се грижи за градот Штип, за граѓаните, за брегалничката епархија, истакна во својот говор господин гпосподин Стефан.
Мир, развој на градот и бериќет посака градоначалникот Иван Јорданов, по повод денешниот патрон празник на градот.
„Денес имавме една утринска литургија, потоа литија. Посакувам мир, бериќет, напредок, развој во нашиот град, Штипјани масовно го слават Свети Никола, на нив им поскаувам добро здравје и за многу години“ – вели Јорданов.
Со исти желби се и граѓаните, кои велат традицијата се негува, се слави ликот и делот на заштитникот на градот.
Настаните за одбележување на празникот Свети Никола во Штип започнаа од вчеравечер, кога се одржа свечена седница, а се доделија и орденот и признанијата Свети Никола.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет