
Утре се игра големото дерби меѓу лидерот Скопје и Брегалница, дерби кое може да донесе и нов лидер на табелата, а за челната позиција покрај овие две екипи конкурираат и Охрид и Шкендија Арачиново.
Верните „пирати“ за утре најавуваат масовна мобилизација и силна поддршка за Скопје од трибините, во клучен меч кој може да реши многу работи. Верните „пирати“ пред утрешното дерби испратија порака до сите навивачи и поддржувачи утре да дојдат на стадионот „Железарница“ и да дадат силна поддршка од трибините.
Двете екипи изминатите денови интензивно се подготвуваа за утрешното дерби од 23. коло на Втората лига. И во двата табора владее позитивна атмосфера, двете екипи силно ги бараат трите бодови за исполнување на амбициите влез во Прва лига. Само еден бод е разликата и од тука борбата за освојување на целиот „плен“. Скопје е прв со 50 бодови, а пак Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново го делат второто место со по 49 бодови.
Дербито ќе можете да го следите во живо и на М Нет телевизија со почеток од 15:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет