
Одлична и доминантна сезона за пионерките на Астибо од Штип, откако младите ракометни таленти регуларниот дел го сезоната го завршија на првото место со 29 бодови, а пред големи ракометни имиња како Металург и Вардар.
Ракометарките на Астибо предводени од искусната ракометарка Марија Анчева која се впушти и во тренерските води имаат учинок од 14 победи, едно реми и еден пораз со вкупно 29 бодови на своето конто.
Астибо го има најефикасниот напад со постигнати 375 голови и втора најдобра одбрана која прими 214 погодоци, зад онаа на Металург која е најдобра со примени 207 погодоци.
Ваквата одлична сезона за Астибо е потврда за одличната посветена работа со младите ракометни таленти, а штипскиот клуб заврши пред големи ракометни имиња како Металург и Вардар.
Во рамки на пионерската женска ракометна лига во групата Б екипата на Астибо е прва со 29 бодови, Металург е втор со 27 бодови, Вардар е трет со 16 бодови, Младост од Богданци е четврти со 6 бодови, а без бодови заврши Спартак како петтопласиран.
Пред пионерките на Астибо следува разигрување со Јехона од Гостивар, а доколку забележат позитивен исход патуваат на фајнл фор каде ќе се борат за шампионската титула.
Александар Ванев, М-Нет