
За пинџур со модар и црвен домат сезоната е одличана ама цените на производите динамични. Ако модриот патлиџан денеска на пазарот во Штип се нудеше по цена од 10 до 25 денари во зависност од квалитетот и големината, црвениот домат повторно беше со повисока цена која се движеше од 60 до 100 денари за килограм. И како што велат продавачите модриот се троши и се става во ајвар, во тегла како зимница, додека за пинџур со црвен домат граѓаните чекаат подобри времиња и пад на цените.
„Цените на денешниот пазар се пристапни за купувачите. Цените на модриот патлиџан се од 10 па до 25 денари согласно со квалитетот и големината. Доматот е со повисока цена, останатите производи се со исти цени.“ – велат продавачите.
Скапо за купувачите, па затоа оние кои можат да си дозолат купуваат по малку, друг дел си заминаа од пазар со празни торби и стар леб од 10 денари. Велат потребно е да се намалат цените на производиоте за да може да си дозволат да стават некоја тегла зимница.
„Сезоната е за зимници, пиперки, домати, краставички. Ама скапо е затоа си одиме со празни торби и леб од 10 денари“ – велат купувачите.
Освен доматот денеска најбарана беше црвената ајварска пиперка, краставичките, како и сезонскотоо овошје.
Лаура Стојанова М-Нет