Пешачката патека во Ново Село се користи и покрај знакот за забрана за движење, колку е безбедно?

Пешачката патека кај Ново село и покрај тоа што е со забрана за минување за пешаците, поради големите одрони, сепак се користи. Знакот стои, но лентите се отстранети па граѓаните истата ја користат за пешачење и рекреација.

Раздвиженост имаше и денеска. Пешаци, родители со деца, повозрасни граѓани убавото сончево време го искористија да излезат и да се прошетаат токму на овој потег од Ново Село до 8 Ноември. Ги прашаваме колку е безбедно да се движат по овој дел од пешачката патека. Анкетираните граѓани со поделено мислење, но сите согласни дека санација треба да има.

„Кога го правија колекторот малку се разнесе тоа и сега тоа е небезбеден, не дај боже мал земјотрес опасно е. Треба некоја санација да се направе“

До каде е постапката за целосно чистење на веќе паднатиот одрон, но и се преземаат ли активности за санација на карпите на овој дел од пешачката патека го прашавме директорт на ЈП Стипион, Игор Ефтимов. Тој вели се работи на случајот.

„Патеката која се наоѓа околу Исарот се уште не е отворена за пешачење, иако голем број од граѓаните во штип ја користат. Еве уште еден апел, бидејќи овој дел каде се наоѓаме не е сигурен за движење апелирам до штипјани да не ја користат патеката. Инаку, постапката за санација на оваа карпа, ние контактиравме со фирма која што е задолжена за минирање токму на вакви карпи. Тие излегоа на терен, излегоа и со геометар, но за жал и двајцата се позитивни. До крајот на неделата ќе излезат од изолација и ќе имаме точна информација“ – кажа Ефтимов.

Инаку, одронот од крпа на овој потег на пешачката патека се сруши на 14 декември минатата година. Тогаш надлежните веднш излегоа на терен и оттогаш патеката е со забрана за движење.

Лаура Стојанова М-Нет