Две починати лица од Ковид 19 регистрирани во штипската болница

Две починати лица регистрирани во штипската болница како последица од Ковид 19, едно од Штип на 75 годишна возраст и едно од Делчево на 74 години. Според извештајот од болницата во последните 24 часа новопримени се осум пациенти, дома заминале шестмина. Со ова бројката на хоспитализирани е 56 од кои 50 на Инфективно одделение и шест на Кожното, а седум лица се на дневна амбуланта. Од нив 35 се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 15 лица. Сободни се шест ковид кревети на Инфективното одделение и четири на Кожното, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница на Интерното одделение кое повторно се реактвираше како ковид оддел хоспитализирани се три пациенти, од кои две се вакцинирани, а едно е на кислородна поддршка, информираат од болницата.

Во општините од Истокот моментално активни се 925 ковид случаи, најмногу во Штип 347, во Кочани 232 и во Делчево 147. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена вклучувајќи ги и Македонска Каменица и Пехчево каде има активни 34 односно 22 ковид случаи.

Според информации од Минитерството за здравство заклучно со вчера  во земјата се направени вкупно 1.779.972 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 266.937, бројот на оздравени пациенти е 239.666, на починати е 8.362, а бројот на активни случаи изнесува 18.909.

Лаура Стојанова М-Нет