
Со 13 ковид – хоспиталиизрани пациенти на Инфективнотo одделение при Клиничка болница Штип е третиот ден од новата 2022 година. Според извештајот од болницата, во последните 24 часа новопримен е само еден пациент, a испишани тројца. Од хоспиталиизраните, осум лица имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарaти за дишење, а вакцинирани се четири пациенти. Слободни се 47 ковид – кревети, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани на Интерното одделение сè уште нема хоспитализирано ковид – пациенти.
Во општините од Истокот, активни се 211 ковид – случаи, најмногу во Штип – 98 и во Кочани – 50. Три општини се со едноцифрена бројка позитивни ковид – случаи, односно Виница со 7, Пробиштип со 8 и М. Каменица со 6. Пехчево е единствената општина од Истокот каде нема активни ковид – случаи.
Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера, во земјата се направени вкупно 1.608.232 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.730, бројот на оздравени пациенти е 212.927, на починати е 7.975, а бројот на активни случаи изнесува 4.828
Лаура Стојанова М-Нет