Пет сообраќајни незгоди на делницата кај с.Крупиште се случиле во текот на 2020 година

Според легендата за изградениот споменик на регионалниот пат Штип Кочани, кај с.Крупиште се верува дека овде се случуваат сообраќајни незгоди заради проколнатоста на местото. По последната страшна сообраќајна незгода која се случи овде на 13 март годинава кога дојде до судир на возило на брзата помош и камион, ја слушнавме и легендата од господинот Трајан, кој тогаш кажа дека овде биле застрелани голем број на жители од село Крупиште од германскиот окупатор, мажи над 15 години, а куќите биле изгорени. Имињата на загинатите жители, оние кои биле од селото се запишани на споменикот кој е изграден во нивна чест. Поткрепа на ова верување побаравме од Секторот за внатрешни работи Штип, во врска со тоа колку сообраќајни незгоди се случиле на оваа делница. Според информации од нивна страна во 2020 година се случиле 5 сообраќајни несреќи, од кои 4 завршиле со тешки телесни последици за учесниците во сообраќајките и 1 со полесни телесни последици. Од таму исто апелираат да се вози внимателно со цел бројот на сообраќајни незгоди да биде помал, не само на оваа делница туку на секаде низ државата.

Лаура Стојанова М-Нет