Пет дечиња од „Арабеска“ – Штип ќе ја преставуваат државата на натпревар во Шпанија

Пет дечиња од Арбеска Штип влегоа во финалето на „Глобал дeнс опен“ напретаврот кој ќе се одржи во Шпанија. На виртуелниот дел од натпреварот сите пет дечиња добија бодови за влез во финале, а едно од девојчињата се закити и со бронза. Во јули ќе се одржи финалето кое е со физичко присуство и кое преставува вистинско искуство, како за учениците така и за наставниците. Елизабет Колевска вели дека подготовките се во тек и очекуваат да се покажат во многу подобро светло.

„Финалето кое се одржува со физичко присуство е планирано да биде месец јули од 19 до 22 јули и се одржува во Шпанија. Се надеваме дека ќе успееме овојпат да присуствуваме, навистина, со физичко присуство, затоа што сметам дека тоа ќе биде едно големо искуство за сите дечиња и таму ќе се сретнат со навистина голема конкуренција оти овде се селектирано најдобрите. Потребно е пред сѐ да продолжиме со работа, со континуитет, да ги подобриме варијациите со кои настапувавме сега уште повеќе за да може да се покажеме да се покажеме во најдобро светло“ – вели Колевска.

Младите ученици велат од мали нозе играат балет. Инспирацијата ја добиле од различни места, а за да се биде успешен потребно е само мотивација, желба и многу љубов.

Во Штип има голема заинтересираноста од најмала возраст за балет. Колевска посочува дека изненадувачка е бројката на ученици кои учат да играт балет, но и радува фактот дека овој број постојано расте.

„Генерално има интерес, еве, еден град како Штип можам да кажам дека навистина имаме интерес од дечиња кои се во помала и поголема возраст, па дури и од возрасни. Драго ми е што ја негуваме нивната љубов“ – додава Колевска.

Центарот за балетска уметност „Арабеска“ Штип ќе биде единствениот преставник од Штип, но и од Македонија на натпреварот во Шпанија.

Лаура Стојанова М-Нет