Пет години по ред, неколку штркови верно се враќаат во Таринци – истото гнездо, истата приказна

Во карбинското село Таринци, веќе петта година по ред, неколку штркови се враќаат на истото гнездо сред село, приказна што ги радува жителите. Секоја пролет доаѓаат и живеат до доцната есен, како да се дома. Жителите велат дека веќе петта пролет ги пречекуваат и дека селото со нив е повесело. Некои веруваат дека носат среќа и убави работи, други надеж за убави времиња. Покрај штркови, селото е полно и со славејчиња и ластовички, па затоа останува едното од многуте во општината, зелено и распеано село, каде што природата си го прави своето.

Жителите велат, дека штрковите се хранат со жаби, инсекти и црви што ги наоѓаат по околните полиња и се безбеди преку целото лето. Не прават штета, а се голема атракција за селото.

И додека штрковите секоја година се враќаат на истото гнездо, таринчани остануваат горди на селото. Жителите велат дека веќе се навикнале на нивното присуство и со радост ги пречекуваат. За нив, овие птици се симбол на живот и убави денови. Приказна што во ова мало село продолжува да трае од година во година

Иван Митев, М-Нет