Пелистер со срце до бод против европскиот гигант – реми со ПСЖ во спектакл во Битола!


Ракометарите на РК Еурофарм Пелистер одиграа херојски натпревар и освоија голем бод во Лигата на шампионите, ремизирајќи 34:34 против моќниот Пари Сен Жермен.
Во рамките на ЕХФ Лига на шампиони, битолчани покажаа како се игра со срце, пожртвуваност и карактер против еден од најсилните европски состави. Натпреварот донесе вистинска ракометна драма, со пресврти, силно темпо и неизвесност до самиот крај.
Пелистерци не отстапија ниту еден чекор, храбро парираа на фаворитот и со огромна поддршка од трибините стигнаа до реми кое има тежина на победа. Атмосферата во салата беше спектакуларна – громогласното навивање беше дополнителен играч повеќе за „зелено-белите“.
Овој меч ќе остане запаметен како пример како се брани клупскиот дрес и како се навива за својот тим. Браво за момците на теренот и браво за публиката која уште еднаш покажа зошто важи за една од најдобрите во Европа!