Пари нема ниту за најосновното, за празнична трпеза не се ниту зборува

Денес православната црква го празнува празникот Свети Симеон, дел од граѓаните вечерва слават именден. Но на терен ситуацијата е многу поинаква. Велат, за разлика од претходно многу тешко денеска граѓаните може да подготват празнична трпеза и да купат сѐ што им е неопходно. Пари има само за лекови, велат анкетираните граѓани, нема ниту за најосновното, а не за трпеза за слава. Ситуацијата, според нив, е повеќе од тешка.

„Да се подготват, не знам ако имаат пари. Парите се тешки, ситуацијата е критична, многу тешка.“

Граѓаните додаваат дека во минатото ваквите денови се празнувале, луѓето се собирале, имало другарство, пари не многу, ама доволно. За разлика од тогаш, денеска едвај се врзува крај со крај, нема пари ниту за лекарства и основни производи за живот, а не за празнична трпеза.

Лаура Стојанова М-Нет