Пад на цените на доматот и пиперот на првиот петок од јуни на пазарот во Штип, штипјани велат треба уште

Пад на цените на доматот и пиперот на првиот петок од Јуни на пазарот во Штип, граѓани купуваа во поголеми количини. Пиперката денеска се продаваше по 60 денари, доматите по 70. Иако за дел граѓани пазарот беше евтин, за друг дел остана скап, ниските месечни примања одраз за ситуација. Велат скапо или евтино, мора да се купат основните производи за да се поминат деновите до следниот петок. Дополнително гледаа можност за да си купат рака цреши или јагоди, колку како што велат се конкаат дома.

Продавачи од Муртино, овој петок велат има побарувачка, особено штипјани бараат домати, пиперки и краставици. Цените велат се реални, согласни оти ќе паднат во текот на летото.

Дополнително, овој петок граѓаните купуваа и модар домат, кој се продаваше за 50 денари за парче. Се продаваше свежи домашни јајце по 15 денари зрно, како и многу цреши, јагоди, домашни чаеви и зачини. Пазарџиите останаа со надежта дека следниот петок ќе биде уште поевтин, продавачите со мнението дека се зависи од летните температури.

Иван Митев, М-Нет