
По пет одиграни кола во ракометната Суперлига екипите на Охрид и Алкалоид имаат максимален учинок откако и двете екипи имаат пет од пет. Охрид е на врвот од табелата со максимални 10 бодови и гол разлика од 163 постигнати погодоци и 104 примени, со тоа „гладијаторите“ ја имаат најефикасната одбрана со најмалку примени погодоци.
Алкалоид е втор со ист број на бодови со најефикасен напад од постигнати 176 погодоци, а примени 128. Вардар и Еурофарм Пелистер го делат третото место со по осум освоени бодови, вардарци имаат послаб напад од битолчани, но пак имаат подобра одбрана од шампионот.
Прилеп е петти со пет бодови на своето конто, три екипи имаат по четири бодови. Бутел е шестти со четири бодови, Пролет е седми, а пак Куманово е осми.
Тиквеш е на деветтото место со три бодови и не тргна според посакуваното во новата сезона, дебитантот Бисинов од Велес е десетти со два бодови, Струга има исто така два бодови е и претпоследна, а пак Радовиш е на дното засега без бодови.
Александар Ванев, М-Нет