
Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 13. коло од Општинската фудбалска лига во Велес или Четврта лига.
Мартолци на домашен терен загуби од Башкими со 1:3, Горски во меч со седум гола славеше над Согле со 4:3, Илинден го доби дуелот со Младост со 2:1, Тополка минимално славеше над Чашка со 1:0, Бабуна слави над Форца со 2:1.
Во однос на табелата Илиден е прв со 31 бод, колку што има и Башкими кој е втор. На третото место е Бабуна со 26 бодови, Согле е четврт со 19 бодови, на петтото место е Богомила со 18 бодови, Мартолци и Тополка го делат шестото место со по 11 бодови, Форца Нова е на осмото месот со 10 бодови, Чашка е деветта со осум бодови колку што има и Горски кој е место подолу, а на последното 11-то место е Младост со исто така со осум бодови.
Александар Ванев, М-Нет