
Екипата на Шкендија од Тетово пред стартот на новата сезона во Првата женска фудбалска лига се откажа од натпреварување поради финансиски проблеми, а тоа ќе значи дека од фудбалската елита во женска конкуренција ќе нема директно испаѓање.
Десет екипи настапуваат во Првата лига, последната екипа испаѓање директно во Втора лига, а екипата која ќе биде деветта односно претпоследна ќе игра бараж со второпласираната екипа од Втората лига. Откажувањето на Шкендија од натпреварување значи дека оваа екипа формално ќе биде последна на табелата, па со тоа останатите екипи кои се натпреваруваат нема да испаднат, туку ќе водат борба да го избегнат претпоследното место кое води во баражот за опстанок.
Но, и ако се земе фактот во квалитетот на екипите од Прва и Втора лига, екипата која ќе игра бараж за опстанок во Првата лига, речиси и ќе биде пред опстанок, бидејќи квалитетот на Првата лига, темпото на натпреварите ја прави голема разликата во однос на второлигашите.
Колку за потсетување минатата сезона Топ Гол во баражот го декласираше Вардар, со што екипата на Топ Гол го избори опстанокот, а пак Вардар остана во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет