
Откажани сите манифестации во Општина Пробиштип. ,,Зелникот на баба“, ,,Злетовскиот и Пробиштипскиот маскембал“, како и Велигденскиот хепенинг, оваа година ќе немаат изведба. Средствата за овие манифестации ќе бидат наменети за загинатите од градот, кои животот го загубија во трагедијата во Кочани.
“Во врска со трагедијата во Кочани, Општина Пробиштип донесе одлука сите манифестации во месеците Март и Април да идат откажани. Средствата кои што се наменети за овие манифестации ќе бидат наменети за загинатите деца и полицаец од Пробиштип, кои манифестации ги откажавме. Значи ,,Зелникот на баба“, ,,Злетовскиот маскембал“, ,, Пробиштипскиот маскембал“ и ,,Велигденскиот хепенинг“, вели Илиевски
Иако течеа последните подготвоки за ваквите манифестации, сепак за жал годинава манифестациите нема да имаат извеедба додава раководителот за одделението за јавни дејности Раде Илиевски.
Во Штип утрешната традиција Чет’рсе ќе биде скромно одбележана само со искачувањето на тврдината Исар, а сите музички настани и приредби се откажани, бидејќи градот од неделата е завиен во црно.
Иван Митев, М-Нет