Отворени денови во СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани, основците се запознаваат со условите во средното училиште

Отворени денови во кочанската гимназија. СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани ги отвори своите врати за идните средношколци. До понеделник деветоодделениците ќе имаат можност да се запознаат со условите кои ги нуди гимназијата како и со струките, со цел овде да го продолжат своето средно образование. Новитет оваа ученба година е воведувањето нова струка.

„Започнаа отворените денови во нашето училиште и ќе траат се до понеделник, каде основците од овој регион ќе имаат можност да ги проследат условите кои ги нуди нашето училиште за продолжување на нивното образование. Што е она што нудиме? Во гимназиско образование, во стручно, економија, право. Од оваа учебна година новитет е воведување на нова струка туризам и угостителство.“ – вели Димитрова.

Освен наставните програми, основците имаа можност да ги видат и училниците каде ќе се одвива наставата. Првиот уписен електронски рок е од 14 до 19 јуни.

Изминатиот период во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани се работеше доста со цел да се подобрат условите и за наставниците и за средношколците.

Лаура Стојанова Ќирчов,, М-Нет