
Воените оркестри на АРМ и Америка, денес имаа аеднички настап со средношколците на ДМУЦ Сергеј Михалов во Штип. Овој настан во градот се организира со помош на соработката помегу училиштето и армијата на Македониа, а целта е да се допринесат нови соработки и пријателства во иднина. Како што истакна директорот на училиштето Илија Ќосевски, на настапот се преставени композициите кои што учениците воедно ги изучуваат во текот на нивното средно образование.
,,Денеска нашето училиште е домакин на една убава манифестација, каде што ќе се претстават нашите ученици, како и воените оркестри на армијата на р. Македонија и воениот оркестар од Америка. Ќе се претстават со неколку џез композиции, макдонски шлагери. Со оваа манифестација ќе допринесе до зближување за понатамошна соработка, па и нашите ученици да ги видиме еден ден во воените оркестри.“, рече Ќосевски
Овој настан во Штип се организира за прв пат, рече Ќосевски. Тој останува дециден дека во иднина ќе има повеќе вакви настапи.
Инаку, настапот се организираше во дворот на училиштето, а на истиот присуствуваа учениците, граѓаните, ако и сите професори на од училиштето заедно со тимовите на армијата.
Иван Митев, М-Нет