Електормоторен транспортер за децата со попречености доби ООУ „Ванчо Прке“ во Штип

ООУ „Ванчо Прќе“ Штип е првото училиште во општината кое доби електромоторен транспортер за лицата со попречености во моториката. Со овој транспортер, скалите нема да бидат проблем за децата со попречености да се качат на втори спрат, на пример. Електормоторниот транспортер е безбеден и сигурен за лицата кои ќе го користат, се движи напред и назад и овозможува движење односно качување и симнување на корисникот по скали.

“На самиот електромоторен транспортер постојат подесувачи, прицврстувачи на самата количка кои ја прицврствуваат количката за лицето кое го користи транспортерот е стабилно. Транспортерот располага со ласер кој го прати аголот на скалите и регулатор за правилен агол на скалите за безбедност на самото лице кое го користи моторот“ – вели Петровски.

Реална е потребата од електормоторен транспортер потенцираше директорот Радев. Упати благодарност оти токму ООУ „Ванчо Прќе“ е првото училиште што овозможува ваков пристап на учениците со попречености.

„Ние имаме реална потреба од тоа. Наставата во погорните одделенија се одвива и на спратови така да на овој начин ќе успееме барем за сега да овозможиме пристап на секое дете“ – вели Радев.

Во Штип до сега се отворени четири сензорни соби, а ова е првиот моторен транспортер кој помага во движењето на децата со попречености во моториката. Јорданов потенцираше дека општината во континуитет помага во ваквите проекти со цел да се олесни начиниот на образование на децата со попречености.

„Во изминатиот период релизиравме неколку заеднички проекти, еве денес продолжуваме. До сега се реализирани четири сензорни соби. Ова овде е во насока за подобрување на инклузивноста на децата во ООУ „Ванчо Прќе““ – вели Јорданов.

Секое дете треба да добие квалитетно образование, водејќи се под ова мото и симболично е одбележан Меѓународниот ден на детето во Штип. Со моторниот транспортер се помага секое дете да добие квалитетно образование од најмали нозе.

„Денешниот ден и симболички го одбравме, денеска е Меѓународен ден на детето со што испраќаме порака дека секое дете има право на квалитетно образование. Да немаме училиште каде децата нема да може да влезат во училиштата или не може да се движат.“ – вели Џајковска.

Проектот е на Фондацијата Чекор по чекор, финасиски подржан од Гис.

Лаура Стојанова М-Нет