Осогово има одлична серија резултати – тимот од Кочани во средината од табелата во Втора лига!

Второлигашот Осогово од Кочани кој го предводи тренерот Крсте Крстев бележи серија на одлични резултати по осум кола во Втората лига.

„Жетварите“ имат учинок од четири победи, едно реми и три порази, и со 13 бодови се проби на делба на седмата позиција на табелата. Тимот игра далеку подобар фудбал од стартот на претходната сезона и сигурно е дека момците на Крстев ќе бележа одлични резултати и повеќе од јасно е дека целта освен што ќе биде директен опстанок ќе биде и што е можно повисок пласман на табелата.

Осогово сезоната ја отвори со реми против Каменица Саса во дерби кое заврши со резултат од 1:1, а се играше во Македонска Каменица. Следуваше триумф против Преспа на домашен терен од 2:0, а потоа следуваа два порази од Охрид во гости (2:0) и дома од Скопје со 2:3. Но, Осогово веднаш се врати на победничките патеки откако го доби Големо Коњари во гости со 0:2, а потоа дома загуби од Детонит Плачковица со минимални 0:1.

Осогово врза две победни во низа го доби дербито во Виница со Слога од 0:1, а потоа на домашен терен го надигра фаворитот Беласица со 3:1.

Двете победи во низа го искачија Осогово до делба на седмата позиција, бидејќи по 13 бодови имаат и Кожуф и Новаци. Екипата на Крстев има и позитивна гол разлика, 11 постигнати погодоци и осум примени или плус три.

Сезоната е долга, има уште многу натпревари, дефинитивно борбата за секој бод на секој натпревар ќе биде голема, но Осогово има тим и тренер кои ветуваат далеку подобри резултати и сигурно е дека Осогово ова сезона ќе биде далеку подобар во однос на ланската сезона.

Александар Ванев, М-Нет