
Алармантна останува ситуацијата во КЈП „Водовод“ Кочани. Освен што претпијатието плива во долгови моментално е и брз директор. В.д. градоначалникот на Општина Кочани, вели дека постапката на претходниот директор кој си поднесе оставка додека општината беше без градоначалник е срамна. Сега нема време за да се бара директор од надвор и затоа во најкус временски рок ќе се постави директор од внатре, бидејќи тие најдобро ги знаат проблематиките на претпијатието.
„Ситуацијата во КЈП Водовод е таква каква што е и таму треба енергична реакција бидејќи некој некоректно и буквално дезентирал во овие тешки моменти. Јас со директорот се познавам лично, но ќе му порачам „Срам да му е“. Поради таа ситуација ние немаме можност да распишеме јавен конкурс бидејќи истата процедура трае повеќе од 30 дена. Токму затоа ќе бараме квалитетно и соодветно решение во следните неколку денови. КЈП Водовод е во страшно лоша финансиска состојба.“ – вели Крстевски.
Но, за Водовод да биде во незавидна состојба придонесува и неодоговорното работење на останати државни институции. На пример, основно училиште во Кочани, две години не ја плаќало сметката за вода на КЈП Водовод, со што директно се придонесува за лоша состојба.
Но, не е само тоа овде ќе ги опфатам и училиштата. Дали верувате дека постојат училишта, основно училиште овде во Кочани повеќе од две години не плаќа сметки за вода. Тоа е несовесно работење. Имаме ние директори на училишта кои самите придонесуваат во катасторфалното работење на КЈП Водовод Кочани.“ – додава Крстевски.
КЈП Водовод Кочани има долг окоу три милиони евра, а најмногу по основ на електрична енергија.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет