
Членовите на ДПС „Лисец“ од Штип во чест на празникот на градot Штип – 8 ноември не почестија со нов планинарски потфат кој привлекува симпатично влијание кај сите оние кои ги љубат планините, природата и чистиот воздух. Тивко и ненаметливо, но величенствено и масовно го искачија врвот Руен висок 2254 м. со што испишаа уште една значајна страница во историјатот на друштвото.

Воедно ова искачување на Руен беше силна најава за уште поголеми, повредни и потрајни дострели со кои ДПС Лисец планината Плачковица ќе им ја престави и ќе им ја послужи како на тацна оваа бисерна убавица. Имено, денес со почеток во 10 ч. на врвот Црквиште ќе се постави камен – темелник за изградба на нова црква посветена на Свети Спиридон Осветувањето ќе го предводи Г-дин Иларион а за овој свечен чин се поканети градоначалникот на општина Карбинци Јорданчо Насев, верници, пријатели на планините и многубројни членови на планинарски друштва ширум Македонија. Ктитори на новиот храм Свети Спиридон се Трајче Алексов долгогодишен член на ДПС Лисец исклучителен алпинист и учесник на неколку експедиции за искачување на Хималајските врвови,кој што со децении работи и живее во Австралија и Александар Санев – Претседател и основен двигател на сите поначајни активности на ДПС Лисец од Штип.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk