Организирана „Недела на спортот“ во Штип, годинава со хуманитарен карактер

По повод денот на независноста на државата и годинава се организира традиционалната „Недела на спортот“ од страна на СДММ. Овој пат настанот ќе биде хуманитарен со поставување кутија за донации, а средствата ќе се дадат онаму каде што се наjпотребни.

„Локалниот клуб на СДММ Штип и оваа година традиционално го организира спортскиот настан „Недела на спортот“ по повод денот на независноста на Република Северна Македонија. Чест и задоволство е да се напомене дека настанот ќе биде од хуманитарен карактер со поставување на кутија за донации со што собраните средства ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно во моментов. Турнирот во табла ќе се одржи на 4 и 5 септември (сабота и недела) со почеток од 11 часот во партиските простории на ОО на СДСМ Штип. Турнирот во баскет ќе се одржи во дворот на Гимназијата „Славчо Стојменски“ на новото игралиште во недела, на 5 септември, со почеток од 17 часот. На овие настани целосно ќе се почитувцаат мерките за заштита од Ковид – 19“, истакна Мартин Велинов од СДММ.

„Спортот е значајна алатка за развивање на една човечка индивидуа“, порачаа од СДММ, повикувајќи ги граѓаните да се вклучат во хуманитарниот настан. На турнирот може да се пријават сите кои сакаат без разлика на годините или полот, а пријавувањето е до самиот ден на отпочнување на турнирите.

Ребека Спасова МНет